Советот на Европа бара заштита на децата-бегалци од трговијата со луѓе

Од:

Владите од целиот европски континент итно мора да ги заштитат децата и младите од трговијата со луѓе, особено оние малолетници и деца кои одвоени од нивните семејства пристигнуваат се поќесто во Европа без придужба, се наведува во извештај на Експертската група за борба против трговијата со луѓе (ГРЕТА) при Советот на Европа.

– Децата и младите луѓе кои доаѓаат на нашите брегови се особено подложни на експлоатација од страна на трговците со луѓе – особено кога патуваат сами или биле одделени од нивните семејства, изјави генералниот секретар на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд.

– Денешниот извештајот потенцира дека многу од нашите земји-членки мора да развијат подобри процедури за да се идентификуваат децата кои се жртви на трговијата со луѓе и да се подобри помош што им се дава. Тие исто така мора да преземат акција за да се спречи исчезнувањето на децата сместени во прифатните центри, додаде тој.

Како што јави дописникот на МИА од Париз, во петтиот генерален извештај објавен денеска, ГРЕТА нагласува дека има големи пропусти во идентификацијата и заштитата на жртвите на трговијата со луѓе меѓу барателите на азил, бегалците и мигрантите во целина.

Според претседателот на ГРЕТА, Никола Ле Коз оние деца кои се обидуваат да стигнат до Европа се лесен плен за трговците со луѓе, бидејќи често се соочуваат со бариери за добивањето помош.

– Законските обврски на државите во идентификација и заштита се бастион против трговија со луѓе и експлоатација на човечките суштества како оружје против трговците со луѓе, рече Ле Коз.

Би можело да ве интересира

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Месечната социјална помош на едно сириско семејство од 6.000 евра предизвикаа големи полемики во Австрија

Предраг Петровиќ

УНХЦР: 186.000 мигранти и бегалци пристигнаа во земјите од јужна Европа

Ердоган и Киличдароглу не сакаат Турција да е „магацин“ за сириските бегалци

Горан Наумовски

Грушко: Русија не планира враќање во Советот на Европа

Ана Ололовска

Путин предлага раскинување на 21 договор на Советот на Европа кои се однесуваат на Русија

Ана Ололовска