Новинари од повеќе редакции утрово точно во 9 часот дојдоа во Уставниот суд со намера да присуствуваат на денеска закажаната седница, на која меѓу другите точки на дневен ред е измената на законот за помилување.
Тие не беа пуштени во зградата на судот и побараа да видат писмена одлкуа со образложение зошто не им е дозволено да присуствуваат на седницата иако работата на Уставниот суд е јавна.
По повеќе од 2 часа, такво образложение не им беше дадено, а не е закажан ниту вообичаениот брифинг кој што се одржува во 13 часот.
А.Б.