Бројот на загинати цивили во вчерашните воздушни напади на коалицијата предводена од Саудиска Арабија врз пазар во јеменската провинција Хаџа, достигна 102 лица, пренесе ДПА.
-Бројот на жртвите достигна 102 убиени и 44 ранети, изјави Ајман Мадкур, шеф на локалното биро на Министерството за здравство во Хаџа.
Провинцијата се граничи со Саудиска Арабија, која ја предводи арапската коалиција што се бори против шиитските бунтовници Хуси во Јемен.