Британскиот министер за Европа во посета на Македонија

Од:

Британскиот министер за Европа Дејвид Лидингтон денеска и утре ќе престојува во работна посета на Македонија.

За време на посетата министерот Лидингтон ќе има средби со заменик претседателот на Владата задолжен за европски интеграции Фатмир Бесими, министерот за надворешни работи Никола Попоски, со лидерите на политичките партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА и со лицата задолжени за прашања поврзани со мигрантската криза, соопшти Британската амбасада во Скопје.

Лидингтон денеска ќе учествува на Форум на цивилното општество во ЕУ Инфоцентарот во Скопје. На овој форум ќе учествуваат претставници на невладини организации, академици, активисти и влијателни лица од онлајн заедницата.

Би можело да ве интересира

Британските разузнавачи тврдат: Од почетокот на инвазијата на Украина загинаа 500.000 Руси

Британско радио по грешкa објави дека почина кралот Чарлс III

Три милиони семејства во Британија гладуваат: Принудени се да прескокнуваат оброци поради високите цени

Британците имаат сè помалку пари за храна и греење

Британија распореди системи за воздушна одбрана „Стормер“ на Кипар

Стармер свикува итен состанок, војната со Иран ја „тресе“ британската економија