Иванова: Доколку владата им пушти и решение за нивна смртна казна, ВМРО-ДПМНЕ без збор ќе си ја изгласаат

Од:

Собранието денеска ги изгласа измените на Кривичниот законик кој всушност се усогласува на регулативата за бришење на одредбата за клевета и навреда.

Опозицијата ги поддржа измените, но укажа на кој начин ВМРО-ДПМНЕ работи во Собранието.

Со измените освен што се брише делот за клеветата и навредата, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не забележале дека министерството за правда напшало одредба за бришење на одредбите за нарушување на угледот на државата и на знамето.

По разгледувањето на законот и по поминувањто на сите фази и процедури во Собранието, воопшто како што реагира опозицијата, големите патриоти од ВМРО-ДПМНЕ ова не го забележале.

По реакцијата на странците, ВМРО-ДПМНЕ на само три члена поднесува цели осум амандмани и тоа директно од законодавната-правна комисија

„Ова е класичен пример како работи ВМРО-ДПМНЕ. Не читаат закони и се слепи послушници на владата. Ова е класичен пример дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се само нотари на владата.

– Доколку владата им пушти и решение за нивна смртна казна тие без збор ќе си ја изгласаат“, реагираше Цветанка Иванова на однесувањето и начинот на работа на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Иванова им забележа, како што рече, на најголемите патриоти, како можеле да дозволат да помине решение со кое се нарушува угледот на државата и знамето.

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on