Ивановски: Опозицијата сака да ја смени власта на фер избори

Од:

Власта сама, без опозицијата, на мускули ги изгласа новите изборни правила. Опозицијата реагира обвинувајќи дека мнозинството бега од прецизна изборна регулатива која ќе овозможи фер и демократски избори. Во измените, рече Игор Ивановски, нема ништо од препораките на ОБСЕ и ОДИХР и се тапија за притисок, уцена и фалсификат на власта. Тоа ќе овозможи корумпирање и на гласачите и на медиумите.

 „Измените се направени по мерка на ВМРО-ДПМНЕ. Ги повикуваме да ги прифатат предлог измените поднесени од опозицијата. Во спротивно ќе се потврди сомневањето дека власта се плашу од фер соочување.

– Не сакаме власта да биде сменета на поинаков начин освен на фер избори. Власта се бори за голо спасување на кожата на одредени поединци. Кој ќе победи, ќе одлучи народот“, изјави Игор Ивановски.

Би можело да ве интересира

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање

Не е точно дека пратениците имаат приватно здравствено осигурување, реагира Собранието

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза