ЦИВИЛ повикува на разум и трезвеност

Од:

ЦИВИЛ – Центар за слобода повикува на разум и трезвеност, и апелира до граѓаните да се воздржуваат од активности кои можат да доведат до ескалација, тензии и до отворени судири.

ЦИВИЛ го повикува МВР да биде на висина на задачата и посочува дека сите организатори кои со години наназад формираат контра-здруженија, контра-синдикати, па дури и контра-демонстрации и протести, се директно одговорни за антагонизирање на општеството и за можните несакани последици.

Стотина контра-демонстранти денеска пред Уставниот суд, во Скопје, се собраа и поставија шатори за, како што велат, „да го одбранат судот“. Најголемиот дел од демонстрантите не сакаа да зборуваат за причините пооради кои се дојдени, но, еден похрабар контра-демонстрант изјави дека дошол да ја брани Македонија и Уставниот суд, затоа што е Македонец. Демонстрантите велат дека спонтано се собрале пред Уставниот суд, за да им застанат на патот на „опозициските невладини организации“…

Би можело да ве интересира

Креативна работилница „Обединети против насилството“

Ана Ололовска

ЦИВИЛ предлага 8 март да биде прогласен за неработен ден за сите жени во земјата

ЦИВИЛ повика на засилен мониторинг на изборниот процес

Ана Ололовска

ЦИВИЛ: Не смее да се толерира насилство врз новинарите

Наум Локоски

ЦИВИЛ го застапува правото на глас и го набљудува референдумот

Ана Ололовска

Цивил центар за слободи: Некој ги заплашува граѓаните за референдумот

Наум Локоски