Тајланд игра со нервите на воените индустрии на САД и Кина

Од:

Тајландската армија годинава сигурно ќе ги замени застарените американски тенкови и хеликоптери, набавени веднаш по завршувањето на Vиетнамската војна, а за зделката, за чија реализација преговорите се обвиени со тајност, се борат воените индустрии на САД, Кина и Русија.

Тајландската армија ќе купи 51 тенкови- амфибии, за што во буџетот за годинава се издвоени 260 милиони долари.

Медиумите во Бангкок, повикувајќи се на извори од врвот на актуелната воена хунта, денеска пишуваат дека Русија е фаворит во завршната фаза на преговорите. Руските тенкови се сосема воено-технолошки конкурентни, а нивната цена е најповолна.

Одлуката да се склучи зделката со Москва се поткрепува со политичката стратегија на сегашните власти за неврзување само со една од големите сили.

До пред две години најголемиот сојузник, САД по воениот удар во мај 2014 година ги замрзна воено-политичките релации со Тајланд, но Бангкок тој став на Вашингтон го толкува како мешање во внатрешните работи на zemjata и возврати со отворени критики на сметка на Вашингтон.

Во однос на Кина, аналитичарите сметаат дека Тајланд не сака големиот северен сосед да биде доминантен партнер во сите сектори.

Министерот за обрана и потпретсаделот на Владата на Тајланд во јануари претстојуваа во Пекинг и ги посетија фабриките за тенкови, но досега не соопштија ништо за резултаите од посетата и преговорите. Тие во јануари беа и во Москва, а рускиот премиер Дмитриј Медведев од август лани на ваму имаше три средби со генералот Прајут Кан-ока.

Руската воена индустрија, сметаат аналитичарите, е во голема предност како поради квалитетот и цената на оружјето, така и поради средбата на претседателот Владимир Путин и лидерот на воениот удар, сега премиерот Прајут Кан-ока. Шефовите на двете држави ќе имаат официјална средба во Санкт Петербург во мај.

Тајланѓаните не забораваат дека американскиот претседател Обама лани во Њујорк за време на Генералното заседание на ОН „само формално и резервирано’’ се ракувал со тајландскиот премиер.

Покрај веројатното потпишување на договорот за купување оружје, Путин и генералот Прајут ќе ја објават и програмата за одбележување на 120-годишнината од воспоставување на дипломатски односи на Тајланд и Русија, што ќе се одбележува во 2017 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Питон со часови давеше жена во Тајланд, полицијата шокираше од глетката

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Мајмуни „окупираа“ тајландски град, властите почнаа лов

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач