Левица го поддржува протестот пред Уставниот суд!

Од:

„Левица го поддржуваше и ќе продолжи да го поддржува народниот изблик на незадоволство против диригираните одлуки на Уставниот суд. Нашите членови и досега даваа поддршка и активно учествуваа на протестите организирани од страна на граѓанскиот сектор.

Сметаме дека владеачката елита е спремна да отиде предалеку во намерата да се спаси себеси и да ги прикрие своите криминални дејствија. За таа намена, овојпат посегнаа по врховниот чувар на правниот систем, Уставниот суд. Срамната одлука за амнестирање на изборните криминали, ќе биде уште еден крунски доказ за тоа дека оваа држава од ден на ден е се` повеќе отуѓена од народот и дека истата е окупирана од страна на тесно владеачко малцинство, кое државата ја злоупотребува за тесни, лични интереси. Исто така, ова е доказ за длабоката корумпираност на голем дел од судската фела која свесно ги крши Уставот и законите на Р.М и се вбројува во редот на оние што го штитат криминалот и корупцијата, оправдувајќи го заложништвото во кое сите ние обичните луѓе сме ставени.

Но, сепак, суверенитетот извира и му припаѓа на народот и тој има должност да дава отпор против ваквиот атак на правниот поредок, во ситуација кога народните избраници се вообразуваат дека четиригодишниот мандат подарен на нелигитимни избори е доволен за да се однесуваат како да се господари на непривилегираното мнозинство.

Нашите членови и понатаму ќе учествуваат во ваквите протестни движења и ги повикуваме сите наши симпатизери и воопшто сите граѓани на Р.Македонија денес во 18:00 часот пред Владата да го кренат својот глас.

Повеќе никогаш да не дозволиме било која власт да се однесува на овој начин! Нема повлекување“, се вели во соопштението на Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Ден Дончев ја разобличува „борбата против криминалот“ на ДПМНЕ

Левица: “Транспарентност“ по вмровски рецепт – ДПМНЕ предлага да платиш за да видиш кој го добил тендерот, итно да се повлече предлог-законот

(ВИДЕО) Крмов: Гаши ги ускрати пратеничките прашања на опозицијата со произволно толкување на Деловникот

Левица: ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето – го преземаат и граѓанскиот надзор

(ВИДЕО) Мециновиќ: ДПМНЕ го исклучи народот од одлучувањето за сопствените пари – не прифати ниту еден од 124-те амандмани на опозицијата за ребалансот на Буџетот

Левица: Студентите се оштетени за околу 6,5 милиони евра поради тоа што оброкот е замрзнат на 140 денари

А1он