Бугајски: Македонија е на ничија земја меѓу Атина и Брисел

Од:

Јануш Бугајски од Центар за стратегиски и меѓународни студии од Вашингтон во анализата која ја објави босанскиот весник „Дневни аваз“ тврди дека американската администрација е внимателна во поттикнувањето на Грција да го одблокира влезот на Македонија во НАТО и ЕУ преку отстапка во спорот со името.

По посетата на американскиот државен секретар Хилари Клинтон на Балканот, Бугајски пишал дека Македонија е на ничија земја меѓу Атина и Брисел и предупредува на црни сценарија за Балканот при недостаток на јасна евроатланска перспектива.

– Две земји што забележително изостанаа од планот за патување на Клинтон се Црна Гора и Македонија. Додека Црна Гора се гледа како релативно успешна приказна која не бара директно ургирање за да се квалификува во НАТО и ЕУ, Македонија е заглавена во ничија земја меѓу Атина и Брисел.

Американската администрација е внимателна во поттикнувањето Грција да го одблокира влезот на Македонија во НАТО и ЕУ, така што ќе направи отстапка во спорот околу името. Вашингтон е загрижен поради растот на ксенофобијата во Атина, додека земјата е на работ од економски крах и деструктивно социјално незадоволство.

Македонската влада, од своја страна, исто така си игра со национализмот, кој ги поткопува изгледите на земјата за европска интеграција – тврди аналитичарот Бугајски.

Без изгледи за придружување во ЕУ и НАТО и комплетирање на внатрешните реформи потребни за исполнување на реформите, вели Бугајски во анализтата, дел од регионот може повторно да потоне во сива зона на конфликт, дури и вооружени судири.

Би можело да ве интересира

Каја Калас: Пакетот за проширување испраќа јасна порака – реформите даваат резултати

Лавров: ЕУ се претвора во милитаристички блок насочен против Русија и Белорусија

ЕК: Изборниот резултат е можност за напредок на Србија кон ЕУ

А1он

Зеленски: Европа мора да учествува во одлуките за завршување на војната

Срдановиќ: Европската интеграција и дијалогот за Косово ќе продолжат

Горан Наумовски

Путин ѝ испрати предупредување на Европа за рускиот гас: „Кој на друг му копа јама, самиот паѓа во неа“