Попоски: Отворање на преговорите со Македонија ќе помогне за стабилен Балканот

Од:

Отворање на преговорите за членство на Македонија во Европската унија е фактор за обезбедување на долготрајна стабилизација и просперитет на Балканот. За тоа сведочи и седмата последователна препорака од Европската комисија за почеток на преговорите, долгогодишните реформи како и одговорноста што ја покажуваме при справувањето со мигрантската криза, порача министерот за надворешни работи Никола Попоски на вчерашниот неформален министерски состанок во Виена.

Како што соопшти Министерството за надворешни работи, министерскиот состанок го отворил австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц, кој порача дека Австрија останува посветен партнер на Република Македонија во евро-атланскиот интегративен процес.

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан за Македонија, истакна дека успешно спроведување на изборите во јуни и фокус на клучните реформи е темел за напредок на нашата држава во евроинтеграциите.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија