Секретаријатот за европски прашања во соработка со Националната агенција за европски образовни програми и мобилност денеска на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово ќе одржат презентација за програмата „Еразмус плус”.
Најавено е обраќање на вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими, директорот на Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност Дарко Димитров, како и проректорот за меѓународни односи на Универзитетот, Блерим Река.
Пред предавањето на Универзитетот, вицепремиерот Бесими со директорот на Националната Агенција за европски образовни програми ќе остварат посета на медицинското училиште „Никола Штејн“ во Тетово кое е корисник на програмата со цел да ги чујат придобивките и стекнатите искуства на учениците од нивната обука во Цеље-Словенија, реализирана во рамки на програмата.