Хрватска очекува оркански ветар, дожд и снег

Од:

Метеоролозите во Хрватска денеска предупредија  за опасност од оркански ветар, дожд и снег, пишува. „Јутарњи лист”.

Во внатрешноста на земјата, а на места и долж јадранскиот брег се очекува дожд, а во централните области и снег, проследени со грмотевици во планинските области.

За реонот на полуостровот Истра и северното крајбрежје е прогласено ниво на црвена тревога за опасност поради очекувања за оркански ветар, кој според прогнозите, на моменти ќе достигне до 145 километри на час.

За Загреб и целиот северозападен дел на земјата е прогласен жолт код. Таму се очекува североисточен ветер со брзина до 95 километри на час.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Детали за авионската несреќа кај Загреб: еден мртов, четворица повредени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Авион се урна во близина на Загреб, еден мртов, тројца повредени

Катерина Ѓуровски

Хрват доби казна од 700 евра за коментар на Фејсбук: Можеше да заврши во затвор

РТЛ: Бродовите во Медулин биле запалени со „Молотов коктел“

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски