Каратистите на карате клубот „Урбан инвест” од Кавадарци освоија 55 медали на меѓународниот натпревар „Фунакоши опен 2016″ кој се одржа вчера во спортската сала „Круме Кепески” во Скопје.
– На натпреварот учествуваа околу 380 натпреварувачи од 30 клубови од Македонија, Србија, Црна Гора и Бугарија. Карате клубот Урбан Инвест со освоени 18 златни, 19 сребрени и 18 бронзени медали беше прогласен за најуспешен клуб на натпреварот, соопштија од клубот во Кавадарци.
Притоа нагласија дека покрај пехарот за најуспешен клуб, каратистката Владанка Аврамова со освоени 5 златни медали беше прогласена за најуспешна натреварувачка во кати.