Најмалку 52 луѓе загина,а 150 се повредни а уште 23 се водат за исчезнати соопштија властите на Гватемала во четврток навечер, по земјотресот со магнитуда од 7,4 степени по Рихтер што во средата ја погоди оваа централноамериканска земја.
Најмногу загинати има во северозападната држава Сан Маркос, во близина на границата со Мексико, а тука е причинета и најголема материјана штета.
Земјотресот беше регистиран во Тихиот океан, на 24 километри јужно од Чамперика, на длабочина од 42 километри.
Претседателот Молина најави распределба на 23 тони хуманитарна помош.
Ова е најјакиот земјотрес во Гватемала по оној во 1976-та година, со јачина 7.5 степени по Рихтер, кога загинаа близу 20 илјади луѓе.