Европскиот суд на контролори: ЕУ неодговорно потрошила 5 милијарди евра на даночните обврзници

Од:

Европските власти “спискале” 5 милијарди пари на даночните обврзници минатата година. Тоа било откриено за време на неодамнешната ревизија на контролорите и ги повикаа политичарите да покажат “поголем степен на посветеност” кога станува збор за трошење на буџетот.

Европскиот суд на контролори откри дека 3,9% од буџетот за 2011 година.се дадени на проекти кои не ги исполнуваат барањата на ЕУ или државните закони, како што се земјоделството штетно по околината или истражувања кои не се поврзани за одреден проект, објави Вол Стрит Журнал. Неодговорното трошење од буџетот на ЕУ за 2011-година е за 0,2% поголем од 2010. година, а тоа е, исто така, речиси двојно повеќе од “целта” на контролорите од 2%.

“Едноставно кажано, судот пронајде премногу случаи каде парите од ЕУ не стасале до целта или не се трошени на најдобар начин”, вели Витор Калдеира, првиот човек на судот, истакнувајќи дека распоредувањето на фондовите не функционира најдобро.

Во одговорот, европската комисија со сигурност рече дека има механизми да ги врати парите на даночните обврзници кои се “спискани”. “На пример, во регионалната политика, овие пари може да се вратат и да се вложат во здрав проект кој ги исполнува условите за финансирање”, рече портпаролката на ЕУ Емер Трејнор.

Но, таа нагласи дека 80% од трошењето е под контрола на државните влади, според тоа, земјите-членки “треба сериозно да ја сфатат нивната улога во управувањето со фондовите на ЕУ.”

Извештајот на контролорите се појави пред состанокот на лидерите на ЕУ во Брисел на 22 и 23 Ноември. Се очекуваат напнати преговори за буџетот на Унијата за 2013-2014. Земјите-членки се поделени околу тоа дали да се промовира раст или да се намалат трошоците и редуцира дефицитот. Побогатите земји, вклучувајќи ги Велика Британија, Германија и Холандија бараат смалување или “замрзнување” на трошењето. Велика Британија го зазеде најостриот став, бидејќи премиерот Дејвид Камерон вети дека ќе стави вето на било каков договор кој ја охрабрува потрошувачката.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он