(ВИДЕО) Заев: Струмица ја продолжува вековната традиција на струмичкиот карневал

Од:

„Струмица ја продолжува вековната традиција, секако и 25 години организирана форма на струмичкиот карневал.

Синоќа со концертот организиран од основното музичко училиште „Боро Џони” и уметничката галерија, односно претставувањето на сликите од минатогодишниот карневал, започнаа карневалските манифестации“, рече Зоран Заев, претседател на СДСМ и градоначалник на Струмица.

„Вечерва е познатиот стримички маскембал, каде што цела Македонија преку вас медиумите, ќе може да ги види прекрасните креации на струмичани, кои со многу труд, многу љубов, ја негуваат традицијата којашто потекнува од нашите поколенија.

Секако тримерските обичаи се нешто со коешто се гордеат струмичани. Овие карневалски денови очекуваме да бидат врв на организацијата на струмичани во форма на струмички карневал.

Јас сум истовремено и политичар, водам во моментов пресериозен процес во Република Македонија, а маската понекогаш претставува искривување на реалноста. Заради тоа оваа година, почитувајќи ги традициите на струмичани, сум традиционално гостин на маскембалот во Струмица, но овој пат без маска“, изјави Заев.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Поплави во Струмичко, удавени 100 овци и 120 јагниња

Катерина Ѓуровски

„Здрава котлина“ организираше протест против аерозагадувањето на Струмица

А1он

Левица: Баџанакот на Мицкоски со бугарски фирми добива тендери од општина Струмица

Трагедија во Струмица: 71-годишна жена е пронајдена почината во Градскиот парк

Горан Наумовски

Мртва жена e пронајдена во Градскиот парк во Струмица

Горан Наумовски

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри