Џастин Доелман јунак на Барселона во победи над ЦСКА Москва

Од:

Американецот Џастин Доелман е јунакот на Барселона во тешката победа над московска ЦСКА, која шпанскиот тим ја доби по продолжение со 100-98 (регуларен дел 85-85).

Руската екипа на 9 секунди до крајот на продлоќението имаше три поени предност, но Доелман најнапред до „тројка„ го израмни резултатот, а потоа и погоди за два, откако русите лошо ја изведоа топката од под кошот. Обидот на Нандо Де Коло со звукот на сирената од половина терен заврши без реализација на голема радост на домашната публика во „Блау Грана“.

Со овој натпревар беше комплетирано 10.коло од ТОП 16 фазата на кошаркарската Евролига.

На останатите натпревари одиграни вчера: Жалгирис – Реал Мадрид 75-90, Дарушафака – Анадолу Ефес 68-72 и Црвена Ѕвезда – Панатинаикос 69-67.

Ден порано исто така се одиграа четири средби, кои завршија со овие резултати: Локомотив Кубан – Фенербахче 82-85,
Цедевита – Уникаха 78-91, Бросе Баскет – Олимпијакос 71-71 и Лаборал – Химки 98-83.

Е група – табела: Фенербахче 9-1 (победи-порази), Локомотив Кубан 7-2, Црвена Звезда 6-4, Панатинаикос 6-4, Анадолу Ефес 4-6, Дарушафака 3-7, Уникаха 3-7, Цедевита 2-8.

Ф група – табела: ЦСКА Москва 7-3, Лаборал 7-3, Реал Мадрид 6-4, Барселона 5-5, Химки 5-5, Бросе Баскет 4-6, Олимпијакос 4-6, Жалгирис 2-8.

Би можело да ве интересира

Тотал ТВ ќе ги пренесува натпреварите од Евролигата и во следните пет години

Ана Ололовска

Таварез сака да игра на СП – Ќе лета 12 часа за да им помогне на Зеленортските острови

Евролигата одложи осум натпревари поради коронавирусот

А1он

Миротиќ МВП за декември во Евролигата

Ана Ололовска

Одложени три од утрешните четири дуели во кошаркарската Евролига

А1он

Одложен уште еден натпревар во кошаркарската Евролига поради коронавирус

Ана Ололовска