Полицијата во Валона пронашла 1,1 тони марихуана во рибарски чамец кој од Албанија требало да оди во Италија и уапси пет лица.
Како што соопшти полицијата на пристанишниот град во југозападна Албанија, осомничените криумчари планирале чамецот да го пренесат во меѓународни води, каде дрогата би ја презел друг брод.
Албанија е членка на НАТО и транзитна точка за хероинот произведен во Азија. Исто така е и производител на марихуана.
Полицијата во Валона само оваа година заплени 5,8 тони марихуана. Валона се наоѓа на 140 километри јужно од Тирана.