Се повеќе противници за „Германскиот план“ за депортација на бегалците

Од:

Се повеќе земји се противат на планот на канцеларката Ангела Меркел за масовна депортација на одбиени баратели на азил во Турција.

Според весникот „Германски економски вести“ (Deutsche Wirtschafts Nachrichten) неколку земји се противат на новата политика на Меркел за која Турција одеднаш стана пример за почитување на човековите права.

Според весникот рапидно се зголемува критицизмот кон Меркел. Покрај Високиот комесаријат за бегалци при ОН според кого колективната депортација на баратели на азил без длабинска проверка на барањата е прекршување на меѓународното и правото на ЕУ, на планот се противат и Австрија, Белгија и Луксембург.

Министерот за надворешни работи на Луксембург вели дека планот мора да биде длабински проверен како во правна и политичка така и од аспект на човекови права.

Според белгискиот министер за внатрешни работи Јан Јамбод во планот е спорен делот за брз прием на Турција во ЕУ затоа што земјата е „многу далеку од европските вредности и принципи а за Австрија според е целиот план, пренесува германскиот весник.

Од друга страна Меркел и нејзиниот кабинет бараат итно спроведување на планот кој треба да ја спречи бегалската криза во 2016 година и потоа. Според шефот на кабинетот на Меркел и одговорен за бегалските прашања Петер Алтмаер Турција е по одговорна во мадминнувањето на бегалската криза и од некои земји членки на ЕУ.

Според еден од најблиските соработници на Меркел, Турција во случајот со бегалците се однесува поевропски од некои европски земји а планот дава реална шанса да се реши бегалската криза без да се прекршат хуманитараните принципи.

Би можело да ве интересира

Германската крајна десница АфД е на второ место на анкетите, една недела пред европските избори

A1on

ВИДЕО: И пукал во глава на бремената сопруга, потоа ранил уште тројца – хорор во Германија

ВИДЕО: Поплави во Германија, жители на баварски град евакуирани со хеликоптер

Од денеска Македонците полесно до работа во Германија

ВИДЕО: Политичар и полицаец избодени со нож во Германија

Шолц попушти: Украина може да користи оружје од Германија на руска територија

Катерина Ѓуровски