Екипите на МЗТ Скопје Аеродром и на Кожув вечерва ќе го одиграат натпреварот од 18. коло од Првата кошаркарска лига. Овој дуел не се одигра во предвидениот термин бидејќи двата тима имаа обврски во регионалните натпреварувања (МЗТ Скопје – АБА лига, Кожув – БИБЛ лига).
Со одигрувањето на овој дуел ќе биде комплетирана и табелата по 19-то коло. Без разлика на исходот првакот МЗТ Скопје ќе остане на првата позиција на табелата, додека гевгеличани ако направат изненадување и славата победа може да се доближат на чествртото место на кое се наоѓа Фени Индустри.
Натпреварот се игра во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 19 часот.
Табела: МЗТ Скопје Аеродром 34 бодови, Карпош Соколи 34, Куманово 32, Фени Индустри 30, Кожув 27, Работнички 26, Струмица 23, Бест 19.