Кошаркарите на Бамберг синоќа постигнаа минимална победа во дуелот од 10.коло од ТОП 16 фазата од кошаркарската Евролига.
Тие пред своите навивачи го совладаа поранешниот европски првак Олимпијакос со 72:71. Кошот за победа (тројка) го постигна Јанис Стрелниекс во последните секунди. Со овој пораз Олимпијакос ги намали шансите за пласман во четвртфиналето.
Вчера се одиграа четири дуели, а вечерва се играат исто така четири од оваа рунда.
Двојки и резултати:
Е група: Локомотив Кубан – Фенербахче 52:55, Цедевита – Уникаха 78:91. Вечерва играат: Црвена Звезда – Панатинаикос и Дарушафака – Анадолу.
Табела: Фенербахче 9-1 (победи – порази), Локомотив Кубан 7-3, Панатинаикос 6-3, Црвена Звезда 5-4, Анадолу Ефес 3-6, Дарушафака 3-6, Уникаха 3-7, Цедевита 2-8.
Ф група: Бамберг – Олимпијакос 72:71, Лаборал – Химки 98:83. Вечерва играат: Жалгирис – Реал Мадрид и Барселона – ЦСКА Москва.
Табела: ЦСКА Москва 7-2, Лаборал 7-3, Реал Мадрид 5-4, Химки 5-5, Барселона 4-5, Бамберг 4-6, Олимпијакос 4-6, Жалгирис 2-7.