Истражување: Речиси 60 насто Срби го избираат Косово пред ЕУ

Од:

Речиси 60 проценти од граѓаните на Србија на референдум „Косово или Европа“ избрале Косово, а 27 проценти би се одлучиле за Европската Унија. Ова се резултатите од истражувањето на телевизијата Б92 и на „Ипсос стратеџик маркетинг“.

Истражувањето кое опфатило 1.002. испитаници покажало дека меѓу анкетираните гласачи на Српската напредна странка 78 насто од нив  го избрале Косово пред ЕУ, додека за ЕУ заокружиле 14 насто од симпатизерите на владеачката СНС.

Резултатите од истражувањето покажале и дека од гласачите на социјалистите, 77 насто на референдум „Косово или ЕУ“ би избрале Косово, а само 9 насто ЕУ.

Од гласачите на Демократската партија на Србија (ДСС) 64 насто би избрале Косово, а 24 насто ЕУ, додека од Демократската партија (ДС) 46 насто се за Косово, а 43 насто за ЕУ.

Единствено само гласачите на Либерално демократската партија се повеќе за ЕУ, со оглед дека во истражувањето 74 проценти од нив на евентуален референдум би и дале предност на Европа пред Косово.

 

Би можело да ве интересира

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Земјотрес во Србија

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Земјотрес кај Чачак