Харадинај: Опозицијата ќе остане обединета

Од:

Лидерот на Алијанса за иднината на Косово, Рамуш Харадинај изјави дека денешните акции на опозициските пратеници се резултат на невнимателно и противуставно однесување на косовската Влада и дека опозициските партии ќе останат обединети и нема да дозволат неколкумина да одлучуваат за колективната судбина.

– Два договори со кои е прекршен косовскиот Устав и кои го поткопуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на земјата нема да бидат одобрени, напиша Харадинај на Фејсбук.
Тој наведе дека опозициските партии ќе бидат обединети во своите напори и ќе го поддржат владеењето на правото и борбата против секаков вид на корупција.

Опозицијата денеска ја блокираше работата на Парламентот со фрлање на солзавец и со полевање на вода на премиерот Иса Мустафа.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина