ВИДЕО: Високи државни функционери пронајдени во хаотичниот избирачки список на ДИК во Пробиштип

Од:

Во општина Пробиштип граѓаните се изненадени дека според избирачкиот список на улица Кочо Рацин соседи им се високи државни и локални функционери, кои всушност и не живеат таму, рече портпаролот на ДОМ, Тони Ристов.

Според него, покрај фантомските гласачи во Пробиштип, пронајдени се 30 непостоечки граѓани во општина Центар на Булевар Партизански одреди број 8, кула 26, распоредени во различни станови.

Тој вели дека граѓаните во шок и паника ги пријавуваат своите фантомски состанари кои утре можат да посегнат по правото да го делат нивниот имот, бидејќи поседуваат официјален документ за живеалиште на тие адреси.

-За овие неправилности ќе биде известен ДИК и ќе бидат доставени податоците, рече Ристов и ја повика Државната изборна комисија на максимална ажурност и транспарентност со цел да се причисти избирачкиот список.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Руското МВР тврди: Регистрирани се 10 обиди за терористички напади за време на локалните избори

Избори во Северна Рајна-Вестфалија: ЦДУ го задржува водството, АфД во силен пораст

Аргентинската опозициска партија победи на изборите во Буенос Аирес

Шест кандидати на AfD починаа пред германските избори

Предвремени избори за претседател на Република Српска на 23 ноември

Горан Наумовски

ДОМ: Самоуништување на природата – Дошница жртва на владината неодговорност