(ВИДЕО) „Хафингтон Пост“: БиХ фаворит за победа на Евросонгот

Од:

До одржувањето на овогодишниот Избор за песна на Евровизија има уште два месеци, но уште од сега се прават листи на топ фаворити за победа на ова музичко натпреварување.

Меѓу оние кои излегоа со свои прогнози за победникот на Еврсонгот 2016, се најде и популарниот американски интернет весник „Хафингтон Пост“, кој смета дека главен фаворит за победа е песната претставник на Босна и Херцеговина.

– Песната на БиХ доживеа неверојатен успех и според мислењето на фановите на Евросонгот ширум Европа таа е фаворит за победа. Дали ова е годината во која ќе засјаат претставниците на БиХ, наведува „Хафингтон Пост“.

БиХ годинава на Евровизија ќе ја претставува песната „Љубовта е“, која ја изведуваат Дин, Далал, Јала и Ана Руцнер.

Покрај БиХ, според „Хафингтон Пост“, меѓу фаворитите за победник на Евросонгот се и претставниците на Летонија и Шпанија.

Овогодишниот Избор за песна на Евровизија ќе се одржи во Стокхолм од 10 до 14 мај. Македонија на Изборот ќе ја претставува Калиопи со песната „Дона“.

Би можело да ве интересира

Се ожени во тајност хрватскиот евровизиски претставник

Предраг Петровиќ

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Победникот на Евросонг го скрши трофејот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Бејби Лазања херој во Хрватска, ќе го пречекуваат како фудбалерите на плоштад

Евровизискиот трофеј го освои Швајцарија, Хрватска втора

Предраг Петровиќ

Холандија е дисквалификувана од Евровизија