Екипата на Кожув забележа победа над косовскиот тим Пеќ во натпревар од регионалната кошаркарска Балканска лига, со што ги сочува шансите за пласман во полуфиналето.
Од вториот триумф од четвртфиналната фаза, Кожув стигна пред домашната публика во Гевгелија, каде вечерва во дуелот од 5.коло на Д групата ја победи екипата на Пеќ со 72-67.
Најефикасен во триумфот беше капитенот Владимир Брчков со 20 постигнати поени, а го следеа Брендон Пен со 16 и Алексеј Нешовиќ со 15 поени. Кај Пеќ најмногу се истакна Ненад Делиќ со дабл-дабл учинок од 22 поени и 15 скока.
Во рамки на оваа група се одигра и дуелот меѓу Левски и Сигал во кој победа со победа на гостите со 103:75.
Табела: Сигал Приштина 5-0 (победи-порази), Кожув 2-3, Пеќ 2-3 и Левски 1-4.