Samsung Galaxy S3 стана најпродаваниот смартфон во светот, „поразувајќи“ го iPhone 4S.
Анализите на Strategy Analytics покажуваат дека Galaxy S3 со нивото на продажба го надминал смартфонот на Епл кој доминира на пазарот повеќе од две години.
Бројот на нарачки за Galaxy S3 од 5,2 милиони во вториот квартал скокнал на 18 милиони, додека за iPhone 4S од 19,4 милиони се намалил на 16,2 милиони истиот период.
„Samsung Galaxy S3 се покажа како доста популарен меѓу потрошувачите и операторите во Северна Америка, Европа и Азија“, посочиле аналитичарите.
Galaxy S3 излезе на пазарот во мај годинава, а од Самсунг неодамна објавија дека продале најмалку 30 милиони од моделот. На Samsung Galaxy S3 отпаѓаат 11% од вкупната испорака на смартфони во светот.