СДСМ: Да каже Груевски зошто излажа за 7.000 вработувања во Веибо и Гентерм

Од:

„Дали турската фирма Веибо груп во Скопје дели откази на вработените?

Дали наводната фабрика на Веибо груп во Ранковце со наводни 5.000 вработени што ги најави Никола Груевски ќе остане уште една виртуелна инвестиција на заминатиот премиер?

Дали со отпуштања на вработени во административниот центар на Веибо груп во Скопје почнува да се реализира најавата на турската фирма дека се предомислува за Ранковце и бизнисот сепак го селат во соседството?

12742026_590677671079846_9119216847101178302_n

Ако е така, зошто ова се случува и каква штета ќе има врз граѓаните на Република Македонија?

Никола Груевски лично има обврска да им објасни на граѓаните!

Денеска кога Никола Груевски ќе се фотографира во Илинден и во Кичево, нека каже прво зошто излажал за Веибо груп и Гентерм!

Во прилог на ова соопштение се фотографии од Ранковце каде досега, според Груевски, требаше да има фабрика и 5.000 вработени.

Локацијата е ископано земјиште и пустелија. Само таблата за виртуелната инвестиција и асфалтирана писта за хеликоптерот на турскиот инвеститор кој никогаш не слета во Ранковце сведочат за филмот на Груевски.

IMG_2734

Бројот на вработувања наместо 5.000 е нула.

Груевски треба да излезе и да каже и дали навистина не се продолжени договорите и на 140-мина вработени во американската инвестиција Гентерм каде тој најави повеќе од 2.000 вработувања?

Груевски треба да одговори во чии џебови завршуваат милионите евра пари на граѓаните?

Граѓаните знаат дека додека власта на Груевски 10 години ги затвора и казнува домашните претпријатија, им дава големи поволности на странски фирми, кои во најголем дел откако ќе ги искористат државните поволности и парите, си заминуваат.

Од Македонија заминаа и индиската компанија Индоминерали, турската фирма Улак Амбалаж, не дојде холанскиот инвеститор во Свети Николе кој излезе дека бил првоосомничен во неговата земја за затајување данок од 10 милиони евра…

12705717_590677644413182_7515455295182296500_n

Додека Груевски и неговата власт секојдневно лажат за виртуелни инвестиции и се занимаваат со тендери, бројот на луѓе кои остануваат на улица постојано расте.

Граѓаните ќе ги казнат Никола Груевски и неговата власт кои им одзедоа 10 години живот.

Промените почнаа. Доаѓа одговорна Влада што граѓаните ќе и ја дадат честа да ја води СДСМ.

СДСМ ќе обезбеди реални вработувања во економски стабилни домашни претпријатија што ќе добијат државна помош до 50 милиони евра како и услови за реални странски инвестиции“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Влен: За враќање на Груевски, претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески