Од утре почнуваат карневалските прослави во Струмица

Од:

Од утре во Струмица почнуваат осумдневните карневалски денови. Со детскиот маскембал ќе биде отворена манифестацијата која е единствена во Македонија, посветена на армасаните (верени) девојки и празникот Тримери.

Се очекува утре да бидат доделени наградите за најдобри литературни творби на тема карневал, а вечерта ќе се одржи традиционалниот „Концерт под маски“ што го организира Основното музичко училиште „Боро Џони“. В петок е маскембалот, каде што ќе се изберат принц и принцеза кои в сабота ќе ја предводат главната меѓународна карневалска поворка.

– Во делот на промените годинава укинавме некои категории каде последните години немаше или многу малку имаше интерес. Така во категоријата музичка маска одамна немавме претставник, а слаба беше конкуренцијата во поединечна маска современа тема. Сега воведовме нови категории за да не ги изгубиме индивидуалните маски кои пред 15 години сочинуваа дури 80 проценти од сите карневалисти. Годинава озвучена ќе биде целата траса, а точките ќе бидат изведени и кај семафорите пред Глобал. Истовремено, нема д аима нивно долго претставување за да имаме поголема динамика. Оваа година набавивме и многу современо осветлувања за подобар визуелен ефект, објаснува претседателот на организациониот одбор на Струмичкиот карневал, Александар Цицимов.

Карневалските денови во Струмица траат и наредните три дена. Во понеделникот кој е познат како „чист понеделник“ традиционално ќе биде варен бел грав на градскиот плоштад. Во вторник ќе се одржи карневалското корзо, кога учесниците облечени во костумите ќе прошетаат до домот на културата каде што ќе бидат прогласени најдобрите маски. Следната среда завршуваат карневалските прослави со тримерска трпеза и концерт на ансамблот „Тримери“.
Годинава на главната карневалска поворка треба да продефилираат најмалку 2.500 илјада карневалисти. Најмалку 500 ќе бидат од странство.

Би можело да ве интересира

Тепачка во Струмица, еден маж користел секира, полицијата уапси еден од насилниците, вториот е во бегство

13 години од големиот пожар над Струмица во кој загинаа четири лица

Почина човек во изгорен стан во зграда во Струмица

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Изборот на Мартин Костовски за кандидат за градоначалник е доказ дека Заев сеуште владее со СДС

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

АХВ лажела за водата во Струмица, Костадинов најави кривична пријава

Предраг Петровиќ