Тајланд меѓу водечките држави по напредокот на правата на жените

Од:

Жените од Тајланд можат да бидат задоволни од своето место во социјалниот, економскиот, културниот и политичкиот живот на државата, но треба да се стори уште повеќе, за да се оствари целосната рамноправност.

Ова е оценка на тајландската министерка за трговија Кутима Бунјапрасара, една од двете министерки во сегашната Влада на државата што се уште е под воена управа.

Според испитувањата направени во Азија, жените во Тајланд се на 37 отсто од раководните места во компаниите и државните служби. Малку подобар процент во Азија имаат Филипинките, со 39 проценти, а на 35 отсто од раководни места жените се во Индонезија.

Пред воениот удар во мај 2014 година премиер во Тајланд беше Јинглук Шинаватра која, иако на пет години е суспендирана од политичката активност, има значајно влијание во државата.

Дека не е се така розово, министерката Бунјапрасара го објави податокот дека една од пет жени или девојки во Тајланд биле жртви на сексуално насилство.

Тајланѓанките во овој дел на светот се и најбараните сурогат мајки, а раѓањето деца за други родители се уште е „сива индустрија“, со која општеството тешко се справува.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Питон со часови давеше жена во Тајланд, полицијата шокираше од глетката

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Мајмуни „окупираа“ тајландски град, властите почнаа лов

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач