Песната „Дона“ со која Калиопи ќе настапи на 61 издание на Изборот на песна за Евровизија, што ќе се одржи во мај во Стокхолм, Шведска, вечерва беше промовирана во студиото на Македонска радиот телевизија.
Композитор на песната е Ромео Грил.
Калиопи на Евровизија ќе настапи по втор пат.
Со песната „Црно и бело“ таа ја претставуваше Македонија во 2012-та година во Баку, Азербејџан и се пласираше на 13 место.