Средба: Џес Бејли – Павле Трајанов

Од:

Амбасадорот на САД, господинот Џес Бејли,  во седиштето на Демократскиот сојуз, оствари средба со Павле Трајанов, претседател на Демократски сојуз.

На средбата беа разменети мислења за актуелната политичка состојба, за бегалската криза, како и за претстојните парламентарни избори.

Во разговорот беше нагласена потребата од обезбедување на избалансирано и објективно информирање од страна на медиумите, прочистување на избирачкиот список, како и одвојување на партиите од државата, сè со цел да се обезбедат услови за фер, демократски и кредибилни избори.

Само со демократски и мирни избори можеме на граѓаните да им гарантираме слобода при нивното изјаснување.

Демократскиот сојуз се залага за тоа креаторите на политичката криза да понесат одговорност, при што инсистира Специјалното јавно обвинителство да работи професионално и одговорно и да престанат блокадите и опструкциите од државните институции во извршувањето на неговата функција.

Трајанов, посочи дека Демократскиот сојуз, во соработка со други партии и граѓански асоцијации, се подготвува за учество на претстојните парламентарни избори, при што Амбасадорот беше информиран и за програмските приоритети на ДС.

Би можело да ве интересира

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Оставка на членовите на Републичкиот судски освет

Катерина Ѓуровски