(ВИДЕО) Огњановски: Пејковски да се охрабри и да покаже дека се почитува демократијата во Македонија

Од:

Нема никаква пречка Љубе Бошкоски да се брани од слобода за процесот „Ровер“ во кој тој е осомничен, воспитувачите од затворот дале позитивно мислење дека тој се однесувал коректно во затворот, со тоа нема пречка Љубе Бошкоски да излезе на слобода, смета потпретседателот на Обединети за Македонија, Марјан Огњановски.

– Апелираме и покрај тоа што се шпекулира дека врз Живко Пејковски се врши притисок од страна на власта кои се креатори на ова злодело, да има храброст и да го дозволи она што на Љубе му следува по закон, слобода да се врати на семејството, на сопратијците, на слобода, вели Огњановски.

Тој вели дека за целиот случај се запознаени сите дипломатски претставништва, ОБСЕ, Хелсиншкиот комитет, како и медиумите, па не им преостанува ништо друго освен да веруваат дека Живко Пејковски ќе се охрабри и ќе покаже дека максимално се почитуваат демократијата, правото и слободата во Македонија.

Тој вели дека согласно законот за извршување на санкции на осудените лица, кои за време на ослжувуањето на затворот биле примерни, дирекоторт може да го пушти лицето ако одлежало три четвртини од казаната, што во случајот на Љубе е 90 дена пред истекувањето на казната.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хрватска го отфрли обвинението против Љубе Бошкоски за „Раштански Лозја“: Заврши мојот политички прогон од две децении

Маја Илиевска-Пачемска

Вработени во МВР кои прибирале докази за Бошкоски, не знаат кој дал наредба за неговото апсење

Ана Ололовска

Правобранителот не постапил за апсењето на Бошкоски поради судската одлука дека не била употребена прекумерна сила

Ана Ололовска

Чавков: Не се сеќавам дали знаев за апсењето на Љубе

Ана Ололовска

Љубе беше депресивен и разочаран, сведочеше затворскиот психијатар

Ана Ололовска

Стојков за апсењето на Љубе: Не се сеќавам што сум кажал во СЈО, сведочев од 1 до 8

Ана Ололовска