Словачкиот претседател му додели мандат на Фицо за состав на нова влада

Од:

Словачкиот претседател Андреј Кишка денеска му додели на досегашниот премиер Роберт Фицо мандат за состав на нова влада.

Социјалдемократската партија СМЕР на Фицо победи на парламентарните избори во Словачка, кои се одржаа во саботата, но успеа да освои само 49 од вкупно 150 мандати. Неговата партија треба да побара коалициски партнер за состав на нов владин кабинет.

Осум партии влегуваат во новиот словачки Парламент, затоа преговорите за формирање влада се очекува да бидат тешки.

Четиринаесет пратенички места освои екстремно националистичката партија Наша Словачка на Маријан Котлеба.

На 1 јули Словачка го презема ротирачкото претседателство на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Универзитети во Словачка добиваат закани за бомби

Горан Наумовски

Масакр во училиште во Словачка: Има мртви и повредени

Словачка: Ученик со нож уби две лица, има и повредени

Горан Наумовски

Фицо: Словачка ќе и возврати на Украина

Словачка протера двајца осомничени за планирање напади на енергетски објекти