Градското дерби за Карпош Соколи

Од:

Кошаркарите на Карпош Соколи со подобра игра во второто полувреме успеаја да го скршат отпорот на цврстиот Работнички, за победа во градското дерби на дуелот одигран синоќа во СЦ „Борис Трајковски“ со 83:72.

„Соколите“со овој триумф повторно се искачија на врвот на табелата во Првата лига, со два бод, но и два натпревари повеќе од бранителот на титулата МЗТ Скопје Аеродром.

За најтрофејниот македонски кошаркарски клуб ова беше 12. пораз сезонава по 19.рунди.

Резултати на другите два натпревара:
Кожув – Куманово 79:69 и
Струмица – Бест 75:71.

Колото ќе се комплетира в среда со натпреварот Фени Индустри – МЗТ Скопје Аеродром.

Табела: Карпош Соколи 34 бода (19 натпревари), МЗТ Скопје Аеродром 32 (17), Куманово 32 (19), Фени Индустри 29 (18), Работнички 28 (19), Кожув 27 (18), Струмица 23 (19) и Бест 19 (19).

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос