Арифи и Месиќ: Процесот на евроинтеграции не може да заврши без земјите од Југоисточна Европа

Од:

Вицепремиерката задолжена за европски прашања Теута Арифи, денеска го прими поранешниот претседател на Република Хрватска, Стјепан Месиќ, кој претсојува во посета на земјата.

Како што соопшти владината прес-служба, за време на средбата двајцата соговорници разговарале за актуелните политички случувања во регионот и евро-атлантската перспектива на земјите од Југоисточна Европа. Арифи ги информираше членовите на хрватската делегација за постигнатиот напредок на земјата во процесот на интеграција во Европската унија, имплементацијата на Охридскиот рамковен договор, како клучен елемент на демократскиот развој на земјата и посветеноста на институциите за спроведување на реформите што произлегуваат од европската агенда.

Според Месиќ, процесот на обединување на Европа не може да заврши без интеграцијата на земјите од Југоисточна Европа. – Ние сме генерацијата што треба да го заврши овој процес, истакна Месиќ.

Вицепремиерката за евроинтеграции му честиташе на Месиќ по повод неговото прогласување за почесен граѓанин на Тетово.

Тетово во текот на неговата историја се докажа како центар на знаењето, културата и напредокот. Овој град отворен за секого, беше инспирација, инспирираше другите да ги прифатат универзалните човекови вредности, како што се слободата, еднаквоста, традицијата, културата и образованието. Драго ми е што од вчера вие сте мој сограѓанин, изјави Арифи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ЕУ: За жалење е одлуката на САД за укинување на санкциите за рускиот дизел

ЕУ најавува трет повик за стратешки рударски проекти до крајот на 2026 година

А1он

Москва: Трамп се обидува да ја реши украинската криза, Европа го продлабочува конфликтот

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата