Анима Мунди: Избрзавме со реакцијата за коњчето

Од:

„Чувствуваме должност да информираме дека информацијата која ја споделивме за коњот кој умира беше избрзана и дека се уверивме дека животното не е во опасост. Станува збор за младо ждребе кое лежело, се однесувало специфично – брефтало, имало пена кај устата, не реагирало на довилување од посетителите, имало трзавици на нозете, превртувало со очите повеќе луѓе го виделе така во 2 дена – по што бројни загрижени посетители не контактираа и побараа да постапиме за да се спаси. Дел од нивните реакции може да ги прочитате тука.

Дека изгледа како да умира, потврдува и во коментар на вработена во Зоолошка која вели дека кога спие изгледа како да испушта душа, дека призорот и нив ги вознемурува како и дека неретко го будат за да не превртува очи пред посетителите на зоо и да се уверат дека е живо.

Нам ни одговара да згрешиме и потврдиме дека животното е добро. Во отсусто на можност лично да му помогнеме изреагиравме веднаш, пријавивме во ветеринарна инспекција и ја информиравме јавноста , сметајќи дека и малку подоцна може да биде касно за да се спаси неговиот живот.
За крај се извинуваме – им се извинуваме на животните што не сме во можност да ги ослободиме од човечката суровост и профитерство.

Им се извинуваме што се секојдневно мачени, мавани, изложени на стрес,неретко тепани , мавани со камења од посетителите. Како со нив се постапува говорат и коментари на вработени лица, достапни и на страниците на Зоо Скопје.

Ги повикуваме граѓаните и понатаму да не контактираат и информираат за состојбата на животноте секогаш и секаде. Ги повикуваме да ги бојкотираат сите Зоолошки градини, вклучувајќи ја и Зоо Скопје, зошто нивната посета на зоолошки значи финансирање на заробеништво, обезличување, траума, стрес, мачење на животните. Некогаш во минатото постоеле зоо градини во кои место животните живи експонати биле робови, црниот човек. Време е свеста и совеста да еволура – ваквите затвори и начин за заработувачка се апсурд и срам за нашето опшество, на кои веруваме ќе им дојде крајот набргу“, велат од Анима Мунди.

Би можело да ве интересира

Група граѓани одржаа протест и марш во Тетово, поради кучето кое угина по пад од зграда

„Анима Мунди“ ги повикува пратениците да ги поддржат измените на Законот за заштита и безбедност на животните

Анима Мунди: Инвеститорот и пожарникари го натерале кучето во Тетово да скокне

А1он

ВИДЕО: Продолжува суровоста во Македонија-куче фрлено од седми кат

Предраг Петровиќ

Анима Мунди: Итно да запре убивањето кучиња во ЈП Лана, Струмица и да се овозможи непречен влез на активистите

„Кучиња се дават во крв додека некој се радува на победа“: Помеѓу Охрид и Струга изграден ринг за борби

A1on