Семејството Вукиќ од Задар доби решение за одземање на нивната куќа. Власта одлучи да ги исели и да ги оддалечи од нивниот дом, а припадници на граѓански здруженија и граѓани се обидоа да ја спречат полицијата. При тоа беа уапсени 21, а четворица побараа лекарска помош.
Извршителот ја смени бравата на влезната врата, и со тоа ова семејство и официјално повеќе не живее на старата адреса. Агонијата на семејството Вукиќ почна по пропаста на семејниот бизнис.
Долгот кон Даночната управа со камати се качи на речиси пола милион куни. Куќата на семејството е продадена за 40.000 евра.
Свесни се дека законот не е на нивна страна, но се огорчени што правдата е секогаш на страната на големите.
[nggallery id=50]
„Јас не знам кој се во оваа држава не е должен и кој се не им исплаќа плати на работниците, ниту придонеси ниту ништо. Не гледам дека некому нешто му зедоа“, изјави главата на семејството Вукиќ.