Поранешниот јужноафрикански претседател, Нелсон Мендела, се наоѓа на новите банкноти на земјата. Мендела е првиот црнец којшто се наоѓа на банкноти, а истите ќе се појават во употреба во вторник.
Гувернерот на јужноафриканската банка, Гил Маркус, беше еден од првите луѓе коишто употреби една од новите банкноти во продавница во Преторија.
„Ми се допаѓа, ми се допаѓаат боите. Потсетуваат на Јижна Африка, многу се светли и јаки“, рекол продавачот откако ја изложил првата банкнота во продавницата.
Мендела стана првиот црнечки претседател во 1994 година, откако отслужи 27 години во затвор.