На трите натпревари одиграни синоќа од 9-то коло од ТОП 16 фазата во кошаркарската Евролига победи постигнаа домашните екипи. Жалгирис славеше над Бамберг, Фенербахче со пресврт дојде до победата над Црвена Звезда, а триумф оствари и Олимпијакос против Лаборал.
Резултати група Е: Фенербахче – Црвена Звезда 72:65, Цедевита – Дарушафака 77:83, Анадолу Ефес – Локомотив Кубан 61:76, Уникаха – Панатинаикос 58:76.
Резултати група Ф: Жалгирис – Бамберг 75:73 и Олимпијакос – Лаборал 82:68, Реал Мадрид – ЦСКА Москва 87:96 и Химки – Барселона 75:61.
Табела Е група: Фенербахче 8-1 (победи-порази), Локомотив Кубан 7-2, Панатинаикос 6-3, Црвена Звезда 5-4, Анадолу Ефес 3-6, Дарушафака 3-6, Малага 2-7, Цедевита 2-7.
Табела Ф група: ЦСКА Москва 7-2, Лаборал 6-3, Химки 5-4, Реал Мадрид 5-4, Барселона 4-5, Олимпијакос 4-5, Бамберг 3-6, Жалгирис 2-7.