Студиото „Дениел Маршал Архитектс“ дизјанираше куќа со модерен ентериер на островот Вајхеке, кој се наоѓа во заливот Вајкопуа на 11 километри од новозеландскиот град Оукленд.
Куќата наречена „Вајкопуа Хаус“ е изградена врз основа на моделот на групно семејно кампување, кој обебзедува повеќе функционални простории и нејзино целосно интегрирање во прекрасното природно опкружување.
Вилата има големи панорамски прозорци од подот до таванот, што овозможува влез на природна светлина и водено визуелно поврзување на ентериерот со опкружувањето.
Ѕидовите се изградени од камен кој потекнува од околината, а дрвените елементи во куќата се премачкани со црна боја со што на градбата и е даден современ тренд.
На овој начин е креиран еден модерен дом со перфектно уреден тревник, преку кој куќата се отвора кон морската шир.