Акција за собирање на кабаст отпад во Гази Баба

Од:

Акција за собирање кабаст отпад: мебел, опрема од купатила, бела техника, електронски апарати, на 11 и 12 март ќе организира Општина Гази Баба и ЈП Комунална хигиена за граѓаните од урбаниот дел на територија на општината. Акцијата за подигањето на отпадот ќе биде од пред нивните домови без надомест.

Акцијата ќе биде спроведена од 7 до 11 часот, во текот на двата дена.

На 11 март ќе бидат опфатени Автокоманда, Железара, Ќерамидница и Вардариште, а на 12 март Маџари1, Маџари 2, Триангла, Хиподром и Ченто.

Од општината информираат дека сите граѓани кои ќе фрлаат отпад по 11 часот на одредените датуми ќе бидат санкционирани од страна на инспекциските служби на општина Гази Баба.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза