(ВИДЕО) Ангелов: Не наседнувајте на провокациите и игрите на Ахмети и Груевски

Од:

Како се приближува разрешницата на бомбите односно изборите кои се закажани за 5 јуни, така ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ преку Никола Груевски и Али Ахмети се обидуваат со нивните игри во меѓуетничките односи да го одвлечат вниманието на јавноста кон нова потенцијална војна во Македонија, да рашират страв во државата и меѓу граѓаните. Ова го кажа лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов според кој ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ кризата што ја создаваат ја користат да ја обвинуваат најголемата опозициска партија дека таа е виновна за непреземање на активности бидејќи сега е министерот од редовите на СДСМ.

-Го повикувам Никола Груевски и Али Ахмети да престанат да си играат со емоциите и безбедноста на македонски граѓани и на Македонците и на Албанците, премногу е провидна нивната игра, никој повеќе не им верува, рече Ангелов.

Според него, поставувањето на двоглавиот орел на кој што стои амблемот на УЧК на место кое ги иритира Македонците е неприфатливо.

-Доколку Албанците сакаат да ги чествуваат нивните борци од УЧК тие тоа можат да го направат без притоа да ги иритираат Македонците односно таквите споменици да ги стават на места каде што тие живеат во апсолутно мнозинство, вели Стојанче Ангелов.

-Крстот е симбол на христијанството, не треба да дозволиме да служи за поткусурување или подгревање на меѓуетничките тензии, рече Ангелов. Како што вели тој, ставот на мнозинството на Достоинство е доколку повторно ваквите тензии кои како што вели тој Груевски и Ахмети намерно ги создаваат излезат од контрола, тие ќе се пресметаат со политичарите, а потоа со екстремистите.

-Јас знам дека Никола Груевски со еден телефон може да му се јави на Али Ахмети и веднаш да прекинат овие циркуси на кои што сме сведоци во текот на вчерашниот и денешниот ден. Како партија ние силно го осудуваме рушењето на темелите на крстот, вели Ангелов.

Според Достоинство она што се случуваше вчера не е протест или насилство на Албанците кон Македонците, туку насилство на една мала група Албанци координирани од страна на ДУИ кои се обидуваат да ги зголемат меѓуетничките тензии. Од партијата порачуваат дека македонските граѓани не треба да наседнуваат на ваквите провокации.

-Никола Груевски нема да успее да побегне од изборите на 5 јуни на кои што ќе победи опозицијата, колку и да се трудат да ја бутнат земјата во нова дестабилизација нема да успеат, додаде Ангелов.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Пожар во скопската населба Бутел 1, се запали кровна конструкција на барака

За смртта на пешакот во Бутел ќе одговараат и двајцата возачи – заобиколил возило, минал на црвено, возеле брзо

Мемет Камбер после 22 дена ќе биде достојно погребан на гробиштата во Бутел

A1on

Посебен режим на сообраќај утре и в сабота околу гробиштата во Бутел, во Ѓорче Петов и во Камник

Грабежот во обложувалница е во Бутел – со вперено оружје го одзеле прометот

А1он

Костовски: Арсовска се чуди како сум можел да бидам против нејзе, нека не се чуди, јас секогаш ќе бидам на страната на народот

Ана Ололовска