Граѓаните на Општина Зелениково утре ќе имаат можност да се консултираат и информираат за своите имотно-правни проблеми.
Директорот на Управата за имотно правни работи Зоран Крстаноски во општинската зграда од 11 до 15 часот ќе врши прием на граѓани.
Во текот на денот директорот Крстаноски ќе оствари и средби со жителите на населените места Ново Село, Пакошево, Таор, Орешани и Зелениково.