Еднодневен карате семинар во претпладневен и попладневен термин утре во Скопје ќе одржи светскиот карате мајстор Халдун Алагас од Турција во салата „Методија Андонов Ченто“ во ОУ „Наум Наумовски Борче“.
На семинарот, кој технички е организиран од карате клубот Коштрими од Скопје, турскиот мајстор во соработка со македонски истакнати каратисти ќе го пренесе своето знаење на помладите.
– Дојдов тука да ги презентирам моите искуства со луѓето што ги сакам и голема чест ми е што доаѓам тука кај вас. Кога доаѓам овде имам посебни чувства, истакна Алагас.
Појасни дека за кратко време ќе се потруди да ги презентира познатите техники како негово искуство со сите квалификации што тој ги има.
Халдун Алагас е роден во Измит, Турција, каде го завршува своето основно и средно образование, додека високи студии завршил на Универзитетот за физичка култура во Истанбул. Со карате се занимава од 1982 година, а во 1998 година станува најмлад светски шампион во сениорска конкуренција.
Харун е еден од најуспешните спортисти во Турција и во негова чест еден грандиозен спортски центар во Истанбул го носи неговото име.