ВИДЕО: Средба Груевски-Хојт Ји

Од:

Актуелната политичка состојба, надминувањето на политичката криза, како и глобалните предизвици поврзани со мигрантската криза беа тема на разговор на денешната средба на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски со заменик помошникот на државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД, Брајант Хојт Ји.

На средбата, како што информираат од партијата, претседателот Груевски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е за надминување на политичката криза преку успешно спроведување на престојните избори, на кој граѓаните ќе го имаат главниот збор и ќе одлучат за иднината на државата.
– Груевски посочи дека од важен интерес за партијата, но и за државата е тие избори да бидат фер и демократски, за што е потребен ангажманот и посветеноста на сите чинители одговорни за процесот. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи активно да придонесува за градење на демократски амбиент кој ќе биде во насока на спроведување на фер избори, истакна Груевски.

Тој посочи дека стратешки интерес е реализирање на евроатланските интеграции на Република Македонија, и станувањето на полноправна членка на НАТО алијансата.

Соговорниците разговараа и за глобалниот проблем со мигрантите и нациите и мерките за нејзино справување.

Би можело да ве интересира

Груевски со нова објава: Обвинувања за дволичност и финансиски интереси кон Заев и Филипче

Горан Наумовски

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

Вреди: Функционери на ДУИ се обидоа по секоја цена да го вратат Никола Груевски на власт и да го ослободат Сашо Мијалков

Мицкоски: Дел од функционерите на поранешната владина коалиција во Будимпешта се среќавале со Груевски

Влен: За враќање на Груевски, претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно