Наумов: МРТ има долгови за даноци од над два милиона евра

Од:

Дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов тврди дека долгот на Македонската радио телевизија (МРТ) по основ на даноци за две години е зголемен за повеќе од три пати. Во јануари 2014 година, изјави денеска Наумов, долгот изнесувал скоро 600.000.евра, а во февруари 2016 според листата на должници на Управата за јавни приходи (УЈП) долгот е повеќе од два милиони евра.

– Огромните долгови на Македонската радио телевизија се потврда дека работата на јавниот сервис исклучиво како партиско гласило на ВМРО-ДПМНЕ е неодржлива, изјави Наумов.

Според Наумов, три часа е разликата во времетраењето на позитивно-промотивните прилози што на МТВ 1 биле објавени за ВМРО-ДПМНЕ во однос на тие за СДСМ.

– Негативни прилози за ВМРО-ДПМНЕ нема,  а за СДСМ има во времетраење од 16 минути.  Ваквата работа на МРТ е уште еден доказ зошто се потребни реформи за слободни медиуми, рече Наумов.

Дополнителниот заменик-министер за финансии потенцираше и дека УЈП секоја година блокира десетици илјади граѓани и фирми поради радиодифузна такса и оти кај граѓаните создава дополнителни проблеми и нови трошоци. СДСМ, посочи, ќе ја укине радиодифузната такса и ќе обезбеди одржливо финансирање на МРТ од Буџетот.

Би можело да ве интересира

Шукова: Верувам дека културата не е трошок, туку инвестиција во иднината на еден град

Требаше да биде кандидат на СДСМ, а му се приклучи на тимот на Ѓорѓиевски во трката на Скопје

СДСМ бара Сиљановска да не го потпишува Указот за Законите за полиција и МВР

ВМРО-ДПМНЕ: За ситни политички поени, СДС ја стави Македонија во пламен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трајчулески до Мицкоски: Зошто го отворате прашањето за македонскиот јазик, не враќате во времето на Груевски со истите мотиви?

(ВИДЕО) Стојчевски: Лефков е симбол на сѐ погрешно во ВМРО-ДПМНЕ, сее лаги, а молчи за Кочани

Горан Наумовски