(ВИДЕО) Кирацовски: Паниката на Груевски и групата се прелева и врз инспекторите

Од:

Дополнителниот заменик-министер за информатичко општество и администрација Александар Кирацовски бара привремените лиценци на инспекторите да бидат продолжени за една година.

– Паниката на групата околу Никола Груевски за којашто е отворена истрага за злосторничко здружување за изборни грабежи, се прелева на сите страни.

Го злоупотребија Уставниот суд за заштита на криминалите на фамилијата. Не им успеа, но се обидоа со оценки, парични казни и бркање од работа да ги притиснат административните службеници. Последен во низата обиди е притисокот што сакаат да го направат врз инспекторите.

И соопштувам на јавноста дека на неколку месеци пред изборите им бараат на инспекторите положен испит за инспектор најдоцна до 1 јули 2016-та година, ако не – тие ќе ја загубат работата. Тоа се бара од инспекторите токму во следните 4 месеци, март, април, мај и јуни, рече на прес-конференција Кирацовски.

Тој тврди дека ресорното Министерство ги прекршило Законот и роковите и по две години минатиот месец го донело Правилникот за начинот на полагање на инспекторите со што, како што рече, им го скрати рокот за полагање.

– Намерно ги поместија роковите за лиценци за инспекторите за да прават притисоци врз нив и врз граѓаните, рече Кирацовски.

Со барањето да се продолжат привремените лиценци на инспекторите за една година, како што посочи, тие во меѓувреме ќе можат во фер и транспарентна постапка да го полагаат испитот.

Кирацовски потенцираше дека Инспекцискиот совет што одлучува за лиценците на инспекторите е формиран од Владата. Во 2013 година, според Кирацовски, власта со Закон ги условила инспекторите дека можат да останат да ја вршат таа работа само ако се стекнат со лиценци и покрај тоа што се примени на работа според Законот за државни службеници којшто не го предвидува тоа за нивната служба. По ова, потсети, им дадоа времени лиценци со рок до 1 јули 2016 година и рок во три обиди за една година да го положат испитот.

– Но, токму ова Министерство ги прекрши Законот и роковите. Дури по две години, на 8-ми минатиот месец го донесе Правилникот за начинот на полагање на инспекторите со што им го скрати рокот за полагање, рече дополнителниот заменик-министер за информатичко општество и администрација.

Би можело да ве интересира

СДСМ утре ќе го одржи 30. Конгрес на кој ќе избере ново раководство

Кузеска: За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

Филипче: Да градиме мостови на разбирање и соработка

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија