Бегалка роди здраво машко дете во хеликоптер „Супер Пума“, кој ја превезувал од островот Кастелоризо до Родос.
Лекарот на Кастелоризо денеска рано информирал дека жената има породилни болки, по што од Родос полетал хеликоптер за да ја земе и да ја донесе во болницата на островот, јавува дописникот на МИА од Атина.
Сепак, бебето се родило за време на летот со помош на лекарката Полимниа Галану, која ја придружувала родилката.